Нејт Дијаз уште погневен по победата над Мек Грегор

Sreden prst na Nejt Dijaz

Ветеранот Нејт Дијаз победи во една од најголемите борби во кариерата за време на УФЦ 196, кога славеше против шампионот во перо категорија Конор Мек Грегор во втората рунда.

 Сигурно мислите дека во моментов Дијаз е во облаците, сепак, излегува дека работите не се така розови.

„Имам чувство дека УФЦ се обидува да ме потисне од позицијата во која се наоѓам во моментов. Не сум сигурен дали е редно да го велам тоа. Извини. Имам чувство дека секој се нафрла против мене. Гледам како секој го оправдува Мек Грегор и мислам дека сето тоа помалку е налудничаво.

Не сметам дека е само УФЦ. Се чини сите. Секој повторува „О, Мек Грегор е голем, пред победата беше толку доблесен“. Ако изгубев јас, најверојатно ќе ме плукаа дека не требало воопшто да влегувамсо оваа средба. Не сакам да звучи грубо, но како сите да го оправдуваат Мек Грегор. Тој, пак, зборува дека ме победил во првата рунда. Средбата има пет рунди. Кого го интересира дали си победил во една од нив. Загуби. Точка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON