Се чини дека Нејт Дијаз веќе одлучил против кого ќе се бори. Имал многу опции, но очигледно решил дека Тајрон Вудли е вистинската личност.
Во интервју за ЕСПН, Дијаз рече:
„Дојдов до точка од која бев уморен од стоење и не се борев, а не сум помлад. Споделував информации на социјалните мрежи декао сакам да се борам мај или јуни, но не кажав против кого, бидејќи размислував за опции. Во моментов, најдобра опција е Тајрон вудли. Ова не е моја категорија, но нема проблем. Ќе ми требаат 2 или 3 месеци за да се подготвам добро. Ова дефинитивно ќе биде нешто интересно. И предтходно сакав да се борам, но немав желба.
Дана ме повика и бев подготвен да се борам со Вудли со кратко предупредување, но сакав да ми платат. Никогаш не сакав 15 милиони, мојот тренер спомена нешто во едно интервју за ова, но јас не ги посакав. Од УФЦ потоа рекоа дека нема повеќе да ме бараат. Јас не им се молев, ме бараа“.
И Тајрон Вудли се согласи да се бори со Нејт Дијаз и, најверојатно, наскоро ќе ги видиме во октагонот.