Нејт Дијаз се задева со Мек Грегор: Што се случува?

Нејт Дијаз повторно почна да се зајадува со Конор Мек Грегор. Американецот го праша озлогласениот што стана со заканите за 2020 година.

„Што се случи со твојата сезона?

Досега би се борел повторно“.

Во октомври 2019 година Конор изјави дека 2020 година ќе биде негова сезона и ќе биде многу активен.

Мек Грегор се врати во октагонот во јануари на УФЦ 246, победувајќи го Доналд Цероне за 40 секунди. По таа победа, Мек Грегор можеби го чека победникот од априлскиот судир меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт е подготвена да ја реализира идејата, дури и потврди дека Конор ќе биде следниот предизвикувцач за титулата.

Дијаз и Мек Грегор имаат два меча зад себе, а двете борби беа во полусредна категорија.

Во нивната прва средба на УФЦ 196 година, Дијаз го задуши Мек Грегор во втората рунда, а имаше само неколку дена да се подготви за битката. Непријателите пак се сретнаа на УФЦ 202, а Ирецот ја однесе победата со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON