Нејт Дијаз се врати со победа и го предизвика Масвидал (ВИДЕО)

Нејт Дијаз (20-11, 15-9 УФЦ) славеше во првиот меч по тригодишна пауза.

Во борбата што се одржа на УФЦ 241 во Анаехајм во категоријата до 77 килограми, 34-годишниот Американец го победи Ентони Петис (22-9, 9-8 УФЦ) со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27).

Во првата рунда, „Шоутајм“ со многу добро десно кроше одлично му контрираше на Дијаз и го запре неговото напредување. Почна да добива промена на ударите против повисокиот и подолгиот противник.

Дијаз го руши, а Петис го зграпчува со гилотина од која Дијаз успева да извлече и на влезот во последната минута влегува во гард. Доминираше со борбата партерот и со повремени удари.

Петис е подобар и на почетокот на втората рунда, но тогаш Дијаз драматично го менува текот на борбата и со одлична борба до жица го погодува поранешниот шампион во лесна категорија со лакти и колена, а рундата ја завршува со боксерска серија.

Дијаз со колена покрај жицата во третата рунда речи си го заврши Петис, кој некако успеа да издржи и го пушти Дијаз да ја однесе борбата на подот. До крајот на мечот бевме сведоци на сјајна борба во партер.

По победата, Дијаз го предизвика Хорхе Масвидал.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=T0FVeu0XqGg
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON