Конор Мек Грегор тргна во поход за освојување на двете шампионски титули во различни категории и мораше да се соочи со Рафел дош Ањош. Сепак, Бразилецот се повреди и наместо него против Конор излезе Нејт Дијаз.
Борбата не беше многу долга и целосно еднострана – Дијаз победи со давење.
Сепак сега сепак од УФЦ го најавуваат реваншот меѓу двајцата борци, кој е планиран за УФЦ 200. Дијаз има разбирање за тоа зошто на Мек Грегор му се дава втора шанса – голем е интересот за него, многу платени гледања се профит за организацијата, но во исто време сака да го добие и својот реванш против Рафаел дош Ањош.
„Сум губел многу дуели, но никогаш не сум добивал реванш. Конор загуби и тие веднаш му дадоа реванш. Признавам, во тоа има смисла. Но, само ми е смешно како Алдо не доби втора шанса. Јас, исто така сакам реванш против РДА“.