Нејт Дијаз не го криеше разочарувањето од судиската одлука и се согласува на нов дуел против својот најголем противник и предизвикувач до овој момент – Конор Мек Грегор.
Во интервјуто по завршувањето на мечот, Нејт Дијаз, изјави дека тој го добил дуелот и директно ги нападна судиите за нивната одлука:
„Верувам дека победив во овој меч. Но, не можат да дозволат, копиле како мене да биде победник. Премногу сум добар за овој спорт. Ќе направат се што е можно за да ме избркаат од овој спорт, но можеби ќе биде за добро.
За овој меч дојдов полошо подготвен од претходниот пат, се борев со повреда, но тоа не е важно. Не успеав да го победам и немам оправдување за тоа. Но, со сите проблеми со кои влегов во октагонот Мек Грегор требаше да ме победи многу пред финалниот удар на гонгот.
Сакам трета средба со него – првата беше за мене, му дадов втора шанса и тој ја искористи. Затоа, ајде да имаме трет дуел меѓу нас. Подготвен сум пак да се борам со него. Тури му пепел на сето тоа.
Добра работа заврши денес, Конор, но ајде повторно да се бориме“.