Пред неколку часа во шоуто на УФЦ 196, што се одржа во Лас Вегас, Нејт Дијаз го победи на впечатлив начин шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор. Иако Нејт настапи без да одржи комплетни подготовки, тој успеа да ги сврти работите во своја корист во втората рунда, кога успеа да го задави противник.
Сензацијата е факт, Дијаз го шокираше Мек Грегор.
„Не сум изненаден! Знаев дека треба да започнам со бавно темпо. Ако не сум во добра форма, тогаш морам да почнам полека, за да ги штедам силите, а потоа да го земам своето. Планирав повеќе одбрани. Не правев многу спаринг на овој камп. Ако имав целосен тренинг камп, не мислам дека тој ќе беше во можност да ме допре“, беше категоричен Дијаз.
https://youtu.be/9kX_xHVA_-U