Нејт е поранешен предизвикувач за титулата во лесна категорија и често пати влегува во вребални дуели со шампионот во категоријата Хабиб Нурмагомедов. Тие во изминатиов период требаше да се борат неколку пати, но до борбата не дојде. Во 2015 година, на настанот на ВСОФ направија голема мешаница, а Нејт тврди дека му удрил шлаканици на Нурмагомедов.
Нејт не престанува да се фали за овој инцидент и тврди дека Хабиб не му направил ништо. Дијаз вели дека повеќе не сака да се бори против Хабиб затоа што веќе го претепал.
„Не сум силеџија, но Нурмагомедов е таков. Се запознавме на настанот на ВСОФ, каде што требаше да гледам еден мој пријател кој требаше да се бори. Потоа „пукаа“ зад мене за да ме исмеваат.
Нурмагомедов беше таму со 12 свои пријатели. Го удрив во лице затоа што ме исмеваше, и тој не направи ништо. Ме извадија од салата и бев бесен. Го чекав надвор да го зграбам, но избега. Не морав да го сторам тоа, затоа што беше глупаво. Бев лут и тој намерно го направи тоа.
Сега е добар, но всушносте гомнар. Не, сега не сакам повеќе да се борам со него. Преходно сакав, затоа што тогаш беше интересно. Сега, сепак, не е интересно и ќе биде како да удирате мртво куче“, рече Дијаз.