Назад на УФЦ 202, Нејт Дијаз претрпе пораз од Конор Мек Грегор со судиска одлука во нивната реванш средба. По повод овој меч Дијаз даде изјава во врска со претседателот на УФЦ.
Во изјавата за MMA FIghting, ѕвездата на УФЦ, Нејт Дијаз, ги демантираше последните тврдења на Дана Вајт дека бил огромно чудовиште за време на реванш средбата со Конор Мек Грегор.
„Кажете му на Дана да престане да биде подлизурко на Конор. Излегов од собата 79.83 килограми, па кога се борев најверојатно сум бил некаде околу 78,5 килограми. Дана да престане да и кажува на луѓето дека сум бил некакво огромно чудовиште, за да направи така што Конор ќе изгледа добар. Јас сум во лесна категорија целиот мој живот“.