Нејт Дијаз: Мек Грегор има добри шанси да направи нешто во првите 2-3 рунди

Нејт Дијаз е последниот кој го победи Конор Мек Грегор во ММА борба.

Пред да го заврши со сабмишн, Дијаз речиси го нокаутира.

Во пресрет на борбата на Ирецот со 40-годишниот Флојд Мејведер на 26 август во Лас Вегас, помладиот Дијаз смета дека Мек Грегор има шанса како удирач.

Мејведер се смета за еден од најдобрите одбранбени боксери на сите времиња.

„Моето мислење за нивниот бокс меч … Мислам дека Мек Грегор има добри шанси да направи нешто во првите две-три рунди. Но, тој има аматерски стил, има само добро движење и добри удари 6-8 минути, а мислам дека тоа е преаметрски за Мејведер“, вели Дијаз за ЦСН/CSN спорт.

„Велам дека има шанса како удирач. Но што се однесува до вештините и техниките, тој има аматерски стил и секој може да биде добра девет, шест, седум минути. Кој било. Сите имаат шанса со еден удар да постигнат нешто. Мејведер е подготвен да оди рунда по рунда и тешко е да се фати. Мислам дека ова ќе биде тешко за Мек Грегор, но кој знае“?

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON