Нејт Дијаз инкасира 20 милиони од борбата со Џејк Пол?

Поранешниот борец на УФЦ, Нејт Дијаз, би можел да заработи повеќе пари од борбата со блогерот Џејк Пол отколку за сите борби во УФЦ.

Боксерскиот меч меѓу нив се одржа минатиот викенд и заврши со победа на Пол со едногласна одлука. Зак Розенфелд, кој е портпарол на Риал фајт инц., промоција основана од Нејт Дијаз, посочи детали од договорот на поранешната ММА ѕвезда.

Розенфелд тврди дека договорот на Дијаз е сличен на оној на професионалните боксери. Сите приходи од финалната борба, како и трошоците, ќе бидат поделени меѓу организациите на Дијаз и Пол.

Ова ги вклучува приходите од спонзори, рекламирање, продадени билети и плаќање по преглед. Новинарот Џон Неш проценува дека Нејт ќе добие вкупно помеѓу 15 и 20 милиони долари, што би ги надминало неговите хонорари за сите борби во УФЦ.

По завршувањето на борбата Нејт ја прифати понудата на Пол за реванш според правилата на ММА. За оваа борба, блогерот му понудила на Дијаз 10 милиони долари.

Не е ни чудо што Дијаз сака да се бори со Пол и да не се врати во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON