Нејт Дијаз бараше пресметка! Погледнете ја гужвата пред соблекувалната на Џејк Пол (ВИДЕО)

Поранешната ѕвезда на УФЦ, Нејт Дијаз, се обиде физички да се пресмета со член на тимот на Џејк Пол пред боксерскиот меч на Јутјуберот против Андерсон Силва.

По доминантната победа на соборецот на Дијаз Крис Авила над Јутјуб ѕвездата д-р Мајк Варшавски се направи гужва зад сцената во „Дезерт дајмонд арена“ во Глендејл.

На видеото објавено на Фулкомбат Твитер се гледа како Дијаз му удира шлаканица на едно лице, член на тимот на Пол.

Нејт Дијаз беше присутен и на последната борба на Џејк Пол во декември кога го нокаутира Тајрон Вудли.

А познатиот јутјубер ја продолжи победничката серија. Џејк Пол по осум рунди со одлука на судиите го победи поранешниот шампион на УФЦ Андерсон Силва.

„Го сакам Нејт Дијаз. Се обиде да влезе во мојата соблекувална, сакаше да направи проблеми. А потоа ја напушти салата. Ми рекоа дека не можам да победам удирач, а сега ја победив легендата Андерсон Силва. Тогаш зошто да не го победам и Канело“, изјави Џејк Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО