Нејт Дијаз бара минимум 20 милионо долари за трета борба против Мек Грегор

Добро е познато дека Конор Мек Грегор планира да направи трета борба против Нејт Дијаз, како негова повратничка борба во УФЦ. Но, доколку сака да му се исполни желбата,  ќе мора да ги наговори своите работодавци да не штедат.

Дијаз заработи 2,6 милиони долари за првите две борби против Ирецот, што му е најголема заработувачка во неговата кариера. Затоа не е изненадување што оттогаш ги отфрли сите понудени можности за нов настап, особено ако знаеме дека само една борба пред договорот му чинеше 20.000 долари и подеднакво толку за бонусот за победа.

Но, се чини дека помладиот од проблематичните браќа сега има инакви планови. Парите што ги зарабои Мек Грегор против Флојд Мејведер е негова мотивација да побараат повеќе отколку што заработи во првите две битки. Нешто за тоа рече неговиот тренер за боксер, Ричард Перез:

„Ќе побараме барем 20 милиони или дури 30 милиони долари. УФЦ заработува многу пари и тоа пари што само ги заштедуваат. Единстевно обложувања суми му даваат на Мек Грегор, а тоа не е фер, затоа што треба да доведат двајца добри борци за да дојде публиката. Третата борба на нив двајцата би била неверојатна, сите го знаат и сите ќе го гледаат тоа. Затоа сакаме 30 милиони долари“.

Што се однесува до самата борба, апсолутно верува дека неговиот борец ќе потврди дека е подобар. За нивната втора борба многумина не се согласија со судиската одлука, а крајот на трилогијата треба да биде последниот доказ за тоа кој е најдобриот борец во овој дуел.

„Ако Нејт го помине кампот без повреда, Конор, апсолутно,нема никакви шанси. Кога ќе погледнете некои од битките во кои Нејт беше во топ форма, како против Доналд Кероне, тоа ви е јасно. Кога е во најдобра форма, тој може да боксира. Луѓето мислат дека Конор добро боксира, но тоа не е ниру близу до Нејт. Што се однесува до првите две борби, првата ја прифатил 11 дена пред борбата и беше доволно да го победи. Другата беше повреден, па затоа во борбата мораше да се воздржува и не можеше да биде доволно прецизен или навремен. Луѓето дури сега ќе видат колку всушност може да биде добар“.

Ако се биде спрема очекувањата, Конор Мек Грегор треба да се врати на почетокот на следната година или можеби дури и на крајот на оваа година. Неговиот последен настап беше против Дијаз, како и на Нејт, а тој беше во август минатата година. Оттогаш, Нејт Дијаз чека борба која ќе му обезбеди мирен живот. Особено ако успеете да ја заработи оваа сума за која се зборува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON