Не се прослави во УФЦ, ама украл 53 милиони фунти од банка!

Ли Мареј е уште еден талентиран борец кој не успеал да направи голема кариера во УФЦ, па поради тоа решил да стане криминалец и да украде од банка неверојатни 53 милиони фунти.

Мареј немал многу среќа во неговиот живот затоа што пораснал во опасна населба во Англија и уште како дете морал да научи како да се тепа за да преживее.

Поранешниот професионален борец научил и многу повеќе од тоа, па станал крадец, а со неговата екипа извршил неверојатен грабеж во 2006 година, кога една банка ја „олеснил“ за 53 милиони фунти.

Веднаш потоа заминал во Мароко, каде што ги трошел парите со години, но сепак бил уапсен и поради тоа во 2009 година завршил зад решетки и бил осуден на 25 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON