Не е вистина: Пак го фатија Џон Џонс дека е допингуван!

Најголемиот допинг рецедив во УФЦ, Џон Џонс, повторно има позитивен тест. Веста беше објавена неколку дена пред долгоочекуваното враќање на поранешниот шампион во тешка категорија. Тој требаше да се бори со Александар Густафсон во Лас Вегас.

Примерокот е земен во почетокот на декември. Примерокот е со туринбал, истата супстанца кога беше фатен Џонс и доби суспензија од 15 месеци.

Спортската комисија во Невада нема да има доволно време да спроведе истрага. Тоа е причината зошто шефовите на УФЦ ја пренесоа галавечерта од Лас Вегас во Лос Анџелес. Датумот останува ист – 29 декември. Идејата за целата шема е распитот за употребата на допингот да го направи калифорниска државна комисија која не толку строга.

„Позитивниот тест се уште не е прекршување“, изјавија од УФЦ.

„Ова може да биде трага од претходната допинг за која доби казна. Ова не е нова доза, туку остаток од онаа за која веќе беше санкциониран. Многу мала количина е пронајдена. Еден трилион грама. За сега, настанот не е откажан“.

https://www.youtube.com/watch?v=2CyMgzVQwYk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON