Каин Веласкез потпиша нов договор со УФЦ за четири борби

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез потпиша нов договор со УФЦ за четири борби.

Веста е објавена од водечкиот ММА новинар Ариел Хелвани во негов твит. Се планира следниот меч на Веласкез да се одржи во февруари 2019 година. Тој ќе се бори против поранешниот предизвикувач за титулата Френсис Нгану.

Ѕвездата последен пат се бореше на 9 јуни 2016 година, кога го нокаутира Тревис Браун. Оттогаш Веласкез се посвети на проблемот со грбот, односно негово лекување.

https://www.youtube.com/watch?v=dpBqmckFXew

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО