Шотокан карате до клубот Вардар од Скопје предводен од д-р Назим Куртовиќ
во периодот од 28.06 – 04.07 учествуваше на техничкиот семинар на 29 и 30
јуни и на традиционалниот карате турнир 2 и 3 јули во Гемлик ,Турција.
Куртовиќ беше еден од иснтрукторите кој раководеше на семинарот со
тематски излагања „одземање на вниманието на противникот за време на
спортска борба“.
Како што информира Куртовиќ, техничкиот семинар и турнирот биле под
покровителство на градоначалникот на Општина Гемлик и подржан од Турската
карате федерација.
„Поканата за учество на семинарот беше од организациониот комитет на
Општина Гемлик“, вели нашиот карате мајстор и додава:
„Покрај мене, инструкторите на семинарот беа: Касим Демир – инструктор 7
дан од Турција и Хоџам Кул – инструктор 7 дан од Узбекистан “.
На семинарот учествувале околу 120 спортисти од Турција, Србија,
Узбекистан,Таџикистан,Туркменистан и Македонија.
„По завршувањето на техничкиот семинар со организаторот договоривме
повторно да бидам гостин инструктор на семинарот што треба да се одржи во
Гемлик наредна година“, истакнува Куртовиќ, и стакнувајќи дека по успешно
реализираниот семинар, неофицијално, усмено е поканет од претседателите
на карате федерациите на Таџикистан и Узбекистан во иднина истите да
организираат технички семинар под негово раководство.
„Во наредниот период останува да се договорат деталите кога и под кои услови
овие покани евентуално би се реализирале“, нагласува Куртовиќ.
На турнирот кој се одржа на 2 и 3 јули во Гемлик учествуваа 1875 спортисти од
120 клубови и 25 региони. Учесници беа од најмладите возрасни категории до
ветерани во кати и во борби. Екипите беа од: Азарбејџан, С.Кипар, Грузија,
Турција, Србија, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан и Македонија.
„Турнирот беше исклучително силен, особено во дисциплината кумите и
идеално темпиран за тестирање на формата на спортистите од земјата
домаќин и државите гости кои ќе се борат за место во рамките на своите
репрезентации за евентуално учество на СП за кадети ,јуниори и У21 во
ноември годинава“, информира Куртовиќ.
На турнирот екипата на Вардар настапи во состав :
1.Теодора Цветкоска натпреварувачка
Во дисциплината кати за сениорки со 4 победи го освои првото место и златен
медал; во дисциплината кумите -50 кг загуби во првото коло.
2.Марио Димчевски натпреварувач
Во дисциплина кати за јуниори 16-18 год. со 4 победи (3 кола + 1 репасаж)
освои трето место и бронзен медал; во кумите загуби во трето коло.
3.Дарим Демир натпреварувач
Во категоријата кати за јунјиори од 16-18 год. загуби во второ коло, а во кумите
за јуниори +78 кг загуби во второ коло.
4. Аган Демир натпреварувач
Во дисциплината кати загуби влез во финале и борба во репасаж, а во кумите
е поразен во 2.коло.
5. Мелиха Омеровиќ натпреварувачка
Во категоријата кумите +78 кг со 2 победи и еден пораз освои 2 место и
сребрен медал.
Во првата недела на Август, нашиот карате стручњак има официјална покана
да учествувам како инструктор на традиционалниот (оваа година слави јубилеј
50 год) технички семинар во Заострог на Макарска ривиера во Хрватска, каде
ќе учествува голем број елитни каратисти (поранешни репрезентативци на
СФРЈ) и инструктори на карате спортот од просторите на поранешна држава,
со многу гости каратисти од Западна Европа.
„На истиот семинар имаме договорено да одржам и теоретско предавање за
тренерите учесници на семинарот“, истакнува Куртовиќ.
Неофицијално е договорено за крајот на оваа година, во ноември, Куртовиќ да
учествувам како инструктор и технички советник на подготовките на
репрезентацијата на Босна и Херцеговина во кати пред учество на Светското
првенство за кадети,јуниори и У-21.
Во Февруари 2023 година има покана да учествува како инструктор и да одржи
предавање на техничкиот семинар за инструктори ветерани во туристичкиот
центар Влашиќ во БиХ.