Назим Куртовиќ положи за мајсторски појас 7-ми дан пред Хитоши Касуја (ФОТО)

nkurtovic-vo-akcija

Пред две недели од 28-30 oктомври во Софија , Бугарија, се одржа голем меѓународен семинар на ВСКФ  – Светската шотокан карате до федерација со седиште во Токио, Јапонија, на кој  учествуваа преку 250 каратисти од 6 држави меѓу кои беше и Македонија.

sofija-2016-diploma-7-mi-dan

Семинарот беше одржан под стручно раководство на шеф инструкторот на ВСКФ, Хитоши Касуја (8 дан) од Јапонија со асистентција на д-р Назим Куртовиќ (7 дан ) од Македонија и Георги Георгиев (6 дан) од Бугарија.

instruktori-od-6-drzavi-so-hkasuya

По инструкторскиот тренинг кој се одржа на 28 октомври, на полагањето за звања по ВСКФ стандарди, д-р Назим Куртовиќ полагаше за 7-ми дан, при што покрај практичниот испит имаше и одбрана на стручен труд со наслов:

Achieving Optimal Performance in Elite Athletes during the Kata in Sports Karate (Постигнување на оптимални перформанси кај врвните спортисти во текот на катата во спортското карате).

nkurtovic7

Трудот е резултат на негово научно истражување работено полни три години, со кој е презентиран напредниот карате тренинг кој обработува уникатен методски пристап во тренажниот процес на катата во карате (По програмата на ВСКФ токму катата како дисциплина е тема за обработка при полагање за 7-ми дан).

nkurtovic

Инаку д-р Назим Куртовиќ   5 – тиот го положи во Мексико Сити 1995 година, а 6-тиот во Токио 2004 година и по цели 13 години 7-миот Дан го положи во Софија во 2016 година.

nkurtovic2

Со положувањето за 7-ми дан мајсторски појас  Куртовиќ се вброи меѓу ретките мајстори на карате вештината во Македонија кои поседуваат вака високи звања, но пред се занење и умешност, што кај некои наши мајстори отсуствува.

nkurtovic3

nkurtovic4

nkurtovic5

nkurtovic6

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON