Навиваше за сонародникот: Путин го следеше УФЦ 229, а потоа телефонски му честиташе на Хабиб!

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков потврди за руските медиуми дека Путин го гледал мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор на УФЦ 229 во Лас Вегас, кој се одржа минатиот викенд.

„Колку што сум запознаен со деталите, Путин не го гледаше натпреварот во живо за време на преносот во живо. Но, подоцна успеа да ја гледа борбата во нејзиното репризирање“, вели Песков, додавајќи:

„Се разбира дека навиваше за Хабиб. Па тоа е нормално, Хабиб е Русин. Може да ви ја потврдам информацијата дека претседателот му се јавипо телефон на Хабиб по мечот“.

Оваа информација беше позната и порано. Всушност, самиот Нурмагомедов се пофали со претседателскиот повик, за да докаже дека е во добри односи со Путин, што е во спротивност со тврдењата и изјавите кои Мек Грегор ги користеше, како би го испровоцирал пред средбата на УФЦ 229.

Имено, на Светското првенство во фудбал, што се одржа ова лето во Русија, на некои од завршните мечеви на рускиот тим, како специјален гостин на руските фудбалери се појави и Нурмагомедов. Но, со оглед на тоа дека на истиот стадион во исто време беа и рускиот претседател Путин, нои ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор, многумина ги изненади фотографијата на Путин со Мек Грегор, а не со Хабиб. Тоа мудриот Ирец подоцна се обиде да го искористи тврдејќи дека не е во добри односи со неговиот претседател.

На крајот се покажа дека Путин сепак навивал Нурмагомедов, а штом овој за задави Мек Грегор во четвртата рунда, одлучи да му честита со телефонски повик, што, секако, е голема чест за УФЦ шампионот.

https://www.instagram.com/p/BlQwXEBAHlN/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BlQo59dg3pn/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BlQhuPDnix5/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON