Навивачот Мартин сакал да го брани Конор: Мислев дека тоа е напад на Русија врз Ирска! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов го совлада Конор Мек Грегор со давење во четвртата рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас, а по борбата се создаде вистински хаос кога Дагестанецот ја скокна оградата и тргна да се пресмета со тренерот на Ирецот.

Додека Нурмагомедов го бркаше Дилан Данис, тренерот на Мек Грегор, во рингот Конор се тепаше со тимот на Хабиб. Сепак, тие не биле единствени во кафезот, зашто многу подоцна на снимката се појави и еден навивач.

Тоа е Дејвид Мартин, кој сакал да се тепа со тимот на Хабиб. Навиачот на Мек Грегор сакал да го заштити ирскиот борец кога го нападнал тимот на Нурмагомедов.

„Не би кажал дека тоа беше само адреналин. Повеќе се појави како патриотизам. Мислев дека Русија ја нападна Ирска. Видов многу Руси како ја скокаат оградата и го напаѓаат Мекгрегор, кој беше уморен од борбата. Знаев дека морам да реагирам и решив да му помогнам. Видов дека вратата на кафезот е отворена и решив да влезам да му помогнам на сонародникот“, кажа Мартин.

Сепак, управата на УФЦ го критикуваше неговиот потег и му порачаа дека можел сериозно да настрада во целиот хаос.

https://twitter.com/Sir_DavidMartin/status/1052320195312644097?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1052320195312644097&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fnavivach-sakal-da-go-brani-mekgregor-mislev-deka-toa-e-napad-na-rusija-vrz-irska

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON