Наташа, Симона и Моника од различни позиции со една цел на Премиер лигата во Истанбул

Natsa Stefanovska vo Akcija na SUP 2016 f

Неколку наши каратистки, воедно и репрезентативки, ќе настапат со различни мотиви на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул-Турција, овој викенд.

Natasa Stefanovska na piedestal vo Salzburg

Наташа Стефановска веќе го има обезбедено местото за настап на Светското сениорско првенство во Линц, Австрија, но како потврда на нејзината форма.

„Премиер Лигата во Истанбул за мене претставува убава можност за тест пред претстојното Светско првенство за сениори во октомври, за кое долго време се подготвуваме. Ова коло од Премиер лигата традиционално се одржува секоја година и оцекувано е да има голема конкуренција, што е добредојдено. Се разбира ќе дадам се од себе за проверка на формата, но и за освојување на медал“,  изјави репрезентативката Наташа Стефановска.

Simona Zaborska na SP studenti 2016

Од друга страна, нејзината другарка од репрезентацијата и Макпетрол, Симона Заборска, ќе се бори да ја завери визата за Линц, која повеќе пати досега се докажала на сениорската сцена.

„Со голем мотив и желба ќе настапам на Премиер лигата во Истанбул, каде што очекувам да направам добри мечеви и се разбира дека со три победи обезбедувам настап на СП. Оптимист сум, а по успешните европски и светски универзитетски игри, каде што се покажав во одлично светло, и како што знаете освоив два сребрени медали, се надевам на уште еден успешен настап“, истакнува Заборска.

Monika Pendarovska sama na EP 2016

Најмладата ќе го направи своето деби во Истанбул, со што навестува дека за ЕП идната година рамноправно ќе се вклучи во борбата за место во репрезентацијата.

Ова е мој прв настап во сениорската конкуренција. За ова мое прво натпреварување вежбав напорно, бидејќи ќе се борам со противницки кои се многу поискусни од мене. Ова ќе ми биде уште едно искуство во мојата кариера, потенцира Моника Пендаровска.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON