Синоќа во олимпиското село во Рио де Жанеиро свечено беше подигнато македонското знаме, во присуство на делегација од македонскиот олимписки тим, амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски и шефот на македонската олимписка делегација, Владимир Богоевски.
А доцна синоќа пристигна и најголемиот дел од македонската олимписка делегација, а останува во Рио да пристигне уште Марко Блажевски, кој треба да допатува на пладне, на 5 август.
Ipon.mk