Ардијан Аземи денеска прикажа одлична борба и го освои борнзениот медал со пласманот во полуфиналето на Европското првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора. Сега има историска шнаса за македонскиот бокс да се избори за финале и борба за златниот медал.
Ардијан во четвртфиналето го победи Хрватот Дује Гацина со едногласна одлука на судиите.
Во полуфиналето Аземи ќе се сретне со рускиот боксер Владислав Комаров на 20 ноември.
Ова е историски медал, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал 20-тина години, можеби и повеќе.
„Дује беше незгоден противник и многу повисок од нашиот боксер. Многу јак противник. Цело време се држеше, не му даваше на Ардијан да дојде до израз. Но прецизните и јаки удари на Аземи го одлучија победникот“, вели тренерот на репрезентацијата Насер Харуни.
Иако противникот е исклучително тежок, Харуни вели дека Ардијан е боксер кој никогаш не се предава, затоа ќе даде се од себе да обезбеди финале и борба за европското злато.
На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.
https://streamable.com/3sdugl?fbclid=IwAR2tOzqrV7gEE1BiFRp_2nC75fTF-Qyw0c0jinK-yK-kAcwpo00miDk00_U
ЕП во бокс – Резултати:
91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0
Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0
Ардијан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 20 ноември
Ipon.mk