Глори ја одржа жрепката за Големата награда во тешка категорија, која ќе се одржи на 9 март во Арнем, Холандија.
Некои од кикбоксерите добија избор против кого ќе се борат. Рико Верховен, кој е актуелен шампион во тешка категорија, го избра Софијан Лаидуни. Леви Ригтерс го избра Уку Јурендал, а Тарик Осаро го избра Бахрам Раџабзаде. Така за Нордин Махиедин немаше избор и ќе се соочи со својот пријател и соборец Набил Хачаб.
Некои навивачи не беа задоволни од жрепката. Да се добие три борби во една ноќ против најдобрите борци во светот е еден од најтешките подвизи во боречките спортови. Затоа беше исклучително важно да се најде правилниот распоред за конечниот победник.
Како дополнителен елемент, секој борец учесник ќе добие персонализиран прстен. Овој прстен не само што го симболизира нивното учество, туку им служи и како билет за турнирот. Најзабележителниот аспект на овој концепт е тоа што прстените се интегрираат во трофејот како што напредува турнирот. По секоја битка, прстенот на борецот што губи се додава на трофејот.
Така, победникот ќе си замине со трофејот, прстените за губитниците и 500.000 долари.
Рико Верховен – Софијан Лаидуни
Леви Ригтерс – Уку Јурхендал
Тарик Осаро – Бахрам Раџабзаде
Набил Хачаб – Нордин Махиедин