Шампионот на УФЦ во перо категорија, 25-годишниот Илија Топурија бил вклучен во инцидент во ноќен клуб во Шпанија.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое непознат маж му приоѓа на Топурија која стои зад апарат за играње.
Напаѓачот двапати силно го турна Илија, кој потоа започна пресметка. Тој го собори напаѓачот и го удри неколку пати.
Грузискиот борец бил во друштво на шпанскиот пејач Омар Монтес, а првите информации биле дека инцидентот се случил меѓу нив двајца.
Но, на видеото се гледа како Монтес стои до Топурија, кому му приоѓа маж и го турка. Илија Топурија и Омар Монтес се пријатели.
Непоразениот Топурија има 13 победи во професионалната кариера, од кои 12 се со прекин, четири нокаути и осум принуди.
🚨BREAKING NEWS 🚨
UFC #9 ranked Featherweight Ilia Topuria gets involved with Spanish singer Omar Montes in a bar fight! #UFC #MMA pic.twitter.com/rdjV7RM6Ct
— MMA DIRT (@MMADIRTcom) January 4, 2023