Најскапиот меч во боксот на 2 мај: Мејведер-Пакјао! (ВИДЕО)

floyd manny ilustracija

Веќе поодамна се зборува за мечот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао, но сите обиди завршуваа без успех. Сега е на повидок спектакл на најскапиот меч во историјата на боксот! Флојд Мејведер конечно го прифати предизвикот на Мани Пакјао и објави дека сака да се бори со ривалот кој досега никогаш не му се појавил пред себе. Но, сепак, постои едно ама.

Тој за американските новинари изјави дека сака да се бори.

Подготвени сме. Време е на народот да му го приуштиме и тоа задоволство, значи на 2 мај идната година Мејведер ќе се бори против Пакјао. Пред неколку години се обидовме да организираме борба, но имаше проблеми околу тестовите на крв и урината, сега сакам да имаме иста стартна позиција. Пакјао сега е во незгодна ситуација, во меѓувреме загуби од Маркез и од Бредли. Очаен е, едвај чекам да се борам со него, изјави Мејведер.

Мечот, наводно, би требало да биде организиран на 2 мај идната година во Лас Вегас и ќе чини околу 250 милиони долари, најмногу во историјата на овој спорт. Меѓутоа, и покрај ваквите најави одредени стручњаци сметаат дека тој спектакл се уште не е загарантиран, бидејќи Мејведер наводно инсистира вкупниот награден фонд да се подели по системот 60-40, а сѐ уште не е сигурно кому ќе припаднат ТВ правата од овој меч.

Флојд Мејведер има 37 години и во кариерата славел 47 пати на исто толку борби (26 со нокаут), а Мани Пакјао е три години помлад, има 57 триумфи, пет порази и две изедначени борби, а конечно ќе му се исполни долгоочекуваната желба.

Имам само една цел во кариерата, да им го пружам на љубителите на боксот она што со години го чекаат. Сакам да се борам со Мејведер“, вели Пакјао.

http://youtu.be/vCHD9CRMV54

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON