Најсилните – Еди Хол и Мариуш Пуџијановски се договорија за ММА борба

По победата, со која го привлече вниманието на многу фанови кон себе, Еди Хол го предизвика Мариуш Пуџијановски на дуел во ММА. Пуџијановски е отворен за ММА борба со Хол, кој беше и најсилниот човек на планетата пред неколку години.

Еди Хол е еден од најпопуларните моќници во историјата. Откако се натпреваруваше на ваков тип на турнири, Британецот се сврти кон боречките спортови. Хол неодамна се соочи со двајца противници во бизарна ММА борба, а потоа го предизвика Мариуш Пуџијановски.

Огромниот 36-годишен Британец верува дека неговиот меч со „Пуџијан“ би бил екстремно висок профил кој би ги заинтересирал фановите. ММА борбата меѓу двајца поранешни моќници сигурно ќе го привлече вниманието на фановите.

„Мислам дека сега би сакал да се борам со некој како Мариуш Пуџијановски. Тој има 20 години искуство во овој спорт. Мариуш е сè уште голем човек, многу силен, тежок. Не може да се негира. Мислам дека навивачите би сакале да види натпревар меѓу двајцата поранешни најсилни луѓе на планетата. Ако некој може да даде соодветна понуда за таква борба, знам дека Мариуш често ми праќа пораки за борба во кафез, па можеби ова кажува сè“.

Пуџијановски на Фејсбук профилот накратко одговори на предизвикот на Хол.

„ММА борба со Хол? Подготвен сум! Кога? Спремен сум во секое време“!

Единствената ММА борба на Хол се случи пред неколку дена. Тој успеа да победи две џуџиња. Пуџијановски е вистински ММА борец со биланс од 17 победи и 9 порази во кафезот. Мариуш се бори под знамето на КСВ и е активен во ММА од 2009 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by – ™️ (@eddiehallwsm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON