Најпознатиот светски плејбој планира да одработи ММА борба

Дан Билзеријан, милионер, плејбој, зависник од адреналин и покер, познат и како „Кралот на Инстаграм“ има една голема желба. Би сакал да се испроба во ММА борба и вели дека сака да го направи тоа во скоро време.

Ако не знаете кој е Дан Билзеријан, доволно е да го погледне на неговиот профил на Инстаграм, па ќе ви стане јасно од каде му на овој 36-годишнак 21 милион следбеници на популарната социјална мрежа. Не треба премногу да се опише, фотографиите зборуваат сами за себе, а меѓу нив наскоро би можела да се најде и по некоја како се подготвува за настап на ММА борба.

„Сакам да одам сурфање во Фиџи, сакам да скијам на снегот на Алјаска и сакам да направам ММА борба. Наскоро ќе имам 37 години, така што треба да побрзам со тоа, ако  навистина мислам да го направам. Тешко е тоа, затоа што децата денес тренираат од шест години, па додека тргнат да се борат веќе се разноврсни. И ако се борам, сакам да тоа да биде сериозно. Ништо во животот не сум работел како да се рече дека работам нешто, туку секогаш сум бил целосно внесен во тоа. Па мислам дека ќе си земам малку одмор од забавите и таквите глупости, па ќе видиме како ќе испадне“.

На Билзеријан проблемот може да му биде и тоа каде ќе се бори, бидејќи повеќето луѓе сметаат дека за неговиот изглед стојат комбинации на разни средства, кои баш не се наоѓаат меѓу легалните, доколку планира да се занимава со спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON