На Меѓународниот меморијален турнир „Хаки Ибердемај“ во Пеќ-Косово, Карате клубот Форца освои 7 медали, 3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.
Златни медали освоија: Дурата Мемети во кати и кумите до седум години и Амел Весели во кати, во истата возраст.
Со сребрени медали се закитија: Јелда Имери во кати, Амел Весели-кумите и Фехми Весели во кати. Сите медали се за деца на возраст до 7 години.
Бронзен медал освои Јелда Имери во кумите до 7 години.
На турнирот настапија натпреварувачи од Косово, Македонија, Црна Гора и Албанија, а Форца учествуваше со четири спортисти.
ipon.mk/В.Д.