Најлудото ММА видео во 2024 година? Најсилниот човек на светот се бореше против двајца, прво отфрли еден од себе, па го нокаутира (ВИДЕО)

Во последно време често сме сведоци на разни „фрик борби“, а синоќа организацијата Ворлд фрик фајт лига целосно го оправда своето име. Во една таква тепачка учествуваше и пензионираниот моќник, познатиот Еди Хол, односно се бореше против двајца противници кои се физички многу помали од него.

Станува збор за Џамил и Џамел Нефати, попознати како „Браќата Нефати“. Браќата Нефати дури се појавија со одредена тактика, односно го удираа Хол од дистанца – колку што е можно повеќе. Секој зазеде различна страна и го удираше Хол со нога, но тоа не траеше многу долго.

На минута пред крајот на мечот публиката веќе беше нетрпелива, но потоа се се промени. Браќата со заеднички сили се обидоа да соборат огромниот Хол и тогаш сè им тргна наопаку. Имено, во таа прилика Еди Хол го фати едниот од браќата околу половината и буквално го фрли од себе. Кога повторно го нападнаа Хол зададе кроше со кое ладно го „заспа“, а нокаутираниот брат падна со лицето на подот.

Борбата заврши таму, а го изроди можеби најлудото ММА видео во 2024 година досега. По оваа победа против двајца противници, Хол го прозва поранешниот снагатор и ѕвезда на КСВ, Мариуш Пуџијановски, борец со многу повеќе ММА искуство од него.

Еди Хол не се натпреварувал во боречки вештини од март 2022 година кога се бореше со друг моќник и ѕвезда на „Игра на тронови“, Тор Бјорнсон. Ќе видиме дали „Пуџијан“ ќе прифати, а дотогаш уживајте во видеата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON