Најјакиот човек на светот ја покажа силата на боксерката вреќа (ВИДЕО)

Погледнете како тренира Мариуш Пудзијановски, еден од најпопуларните спортисти во Полска и една од најголемите ѕвезди на КСВ промоцијата.

Повеќекратниот освојувач на натпреварувањето „Worlds Strongest Man“ (Најсилниот човек во светот) веќе долго време е успешен ММА борец во познатата полска ММА промоција. Во моментов се подготвува за нивниот следен настан, кој ќе се одржи следниот викенд во Даблин, каде што чека борба против Џејмс Мек Свини, поранешен борец на УФЦ.

На Пудзијановски (11-5, 1НЦ) тоа ќе му биде вкупно 16 борба во промоцијата, чиј член е од самиот почеток. Иако не постојат податоци за хонорарите на КСВ, се претпоставува дека тој веројатно е најплатениот борец на промоцијата. Интересно е што, иако редовно настапува во главните битки на нивните настани, никогаш не се борел за тешкашката титула на КСВ, туку неговите борби се повеќе од ревијален карактер. Се разбира, тоа не значи дека во нив нема сериозна борба.

Во текот на овие подготовки, Пудзјина објави неколку видеа, а пособено интересено е последното, во кое полскиот тешкаш ги прикажува брзината и јачината на своите рачни техники на вреќата. И, мора да признаеме дека тоа е многу импресивно. На вас е да го погледате видеото и да одлучите за сами, а освен тоа има уште две видеа кои се објавени пред две недели.

https://youtu.be/_IuHtbEs7h8

https://youtu.be/3vKVrozRYX4

https://youtu.be/r8NOEXVv3kI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON