Најголем успех на таеквондото: Освоени 10 медали на Балканското првенство во Бугарија (ФОТО)

taekvondo-reprezentacija-vo-dupnica-so-medali

Македонската таековндо репрезентација на првиот дена на 18. Балканско првенство во Дупница, Бугарија, освои 10 медали (2-1-7), при што Дејан Георгиевски и Филип Додевски станаа балкански шампиони. Ова е најголемиот успех на македонската таеквондо репрезентација.

Од 10 освоени медали 2 се златни, 1 сребрен и 7 бронзени.

Дејан Георгиевски до злтниот медал стигна на импресивен начин добивајќи ги сите три борби со нокаут,  Филип Додевски до златото стигна со четири победи.

Сребрени медали освоија Филип Стаменов и Марко Аврамовски со по две победи.

Со бронзени медали се закитија: Сара Раевска – 2 победи, Ива Сандева – 2 победи, Ања Русовска – 2 победи, Фросина Раевска – 1 победа,Ненад Мрцковски – 3 победи и Јована Јанковска – 2 победи.

balkansko-taekvondo-atmosfera

Утре настапуваат двајца сениори.

Балканското првенство е во сите возрасни конкуренции.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON