Македонската машка репрезентација во борби го постигна најголемиот резултат на свтеските првенства освојувајќи го седмото место на Светското карате првенство за сениори во Мадрид, Шпанија.
Нашата екипа во состав Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Петар Заборски, Азис Исмаил, Берат Јакупи, Давид Петков и Емил Павлов во 2.коло славеа против Изреал 3-0, а со истиот резутат го победија и Бразил. Во четвртфиналето загубивме од Турција со 1-3 и во репасажот сме поразени од фаворитот Јапонија.
На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.
Светското првенство е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.
Резултати:
Екипно борби
жени
Македонија – Јужна Африка 0-2
мажи
Македонија – Израел 3-0
Македонија – Бразил 3-0
Македонија – Турција 1-3
Македонија – Јапонија 0-3
Ipon.mk