Најдобриот борач на Македонија во 2017 година, Могамедгаџи Нуров, синоќа во последните часови од предониот рок потпиша за победникот на Купот на Македонија Лирија.
Лирија со Нуров и Халил Зубиров осетно за се засили во потешките категории (86 и 97 кг), така што со Балканец ќе водат лута борба за шампионската титула.
Боречкиот клуб од Чаир во овој преоден рок се засили со следните борачи: Беслим Муртезани, Фуркан Јаја, Фати Вејсели и Омер Сејфулау од БК Студеничани, Халил Зубаиров – Вардар и Столе Ефтимов од Спартак кој прв повлече нога во скопскиот клуб.
Како што не изветсија од Лирија, преодот на Нуров од Вардар кај неив целосно е регулиран меѓу двата клуба.
Ipon.mk