Самбо федерацијата на Македонија ги прогласи тројцата 3 најдобри самбо борачи за 2014 година. Приматот понесоа: Бајро Машовиќ, Идриз Џемаили и Адем Кабери. Признанијата на најдобрите и беа доделени од страна на претседателот на Федерацијата, Ердал Факиќ.
Годината што помина ќе се запамти по освоеното 5 место на Европското првенство во Букурешт и учество на Светското првенство во Нарита, Јапонија.
За 2015 година Самбо федерацијата ќе има доста значајни првенства, почнувајќи од Европското првенство во Загреб-Хрватска, Европските игри во Баку-Азербејџан и Светското првенство во Казабланка-Мароко.
ipon.mk/В.Д.