Точно 42 години се одржа бокс мечот кој историјата го запамети како „Трилерот во Манила“. Третата и последна средба на великаните Мухамед Али и Џо Фрејзер и ден-денес според многумина се смета како најдобра борба на сите времиња, но и како еден од најголемите спортски настани на 20 век.
Светот на спортот никогаш нема да го заборави 1 октомври, бидејќи без здив остави над 700 милиони гледачи.
Приказната за ривалството на овие две боксерски легенди започна во март 1971 година, кога Смокин Џо во Медисон сквер гарден слоеви му го нанесува првиот пораз на Али во кариерата. Беше нешто со што Најголемиот не можеше да се помири, па три години чекаше да се одмазди која конечно стигна во 1974 година на истата локација.
Со оглед на тоа дека и двајцата запишаа по една победа со едногласна одлука судиите, третата средба, едноставно, беше неизбежна и требаше да го понуди конечниот победник.
И го понуди. Беше тоа Мухамед Али, но многу поголема од неговата победа беше конечната слика и оцената на мечот кој таа вечер во арената Филипини колосеум влезе во бесмртност.
Али славеше откако меѓу 14 и 15 рунда тренерот на Фрејзер Еди Фуч одлучи да ја прекине борбата која полека прерасна во борба за гол живот. Се разбира, пргавиот „Смокин Џо“ не се согласуваше со оваа одлука, а тренерот се обиде да го смири со зборовите – „Готово е. Никој нема да заборави што направи денес“.
И, Фуч беше во право, а како дополнителна потврда на епската битка дојде и од реченицата на Али со која најдобро ја опиша маката што го доведе до победа – „Никогаш не сум бил поблиску до смртта“, рече тогаш борецот на кого денес се смета за најголемиот боксер на сите времиња.
.