На настанот „Титан ФЦ 83“ во Мајами се случил веројатно најбрзиот нокаут во историјата на ММА спортот.
Луис Ернандез во втората секунда со удар со нога во глава го нокаутирал Брајан Топ, а до нокаутот дошол користејќи го стариот трик на лажен поздрав со ракавици.
Ернандез тргнал кон противникот со испружена десна рака за да се поздрават на почетокот на борбата и додека Топ ја пружал својата рака за поздрав, Ернандез го изненадил со удар со нога во главата.
Многумина го сметаат овој потег за неспортски, но во спорт во кој правилата не се јасно дефинирани, Луис Ернандез излегол како победник.
Unreal ONE second head kick KO by Luis Hernandez at Titan FC. Holy shit. Yes it was announced officially as 1 second. #TitanFC83 pic.twitter.com/CaVpfuARL3
— caposa (@Grabaka_Hitman) July 22, 2023