Изминатиот викенд се случи најбрзиот нокаут во историјата на сè популарниот боречки спорт, бокс без ракавици „Bare Knuckle Fighting Championship 14“.
39-годишниот Улисес Диjаз го нокаутира десет години помладиот Даниел Бенедет по само три секунди борба.
Од првиот момент Дијаз го нападна противникот и на крајот безмилосно го собори со одмерен удар.
Кубанецот го промаши левиот директ, но веднаш потоа ја спушти десната рака на вилицата на неговиот противник, кој летна во бесознание. На судиската интервенција не се чекаше долго и тој го заврши мечот 3 секунди по неговиот почеток, што е најбрзиот нокаут во историјата на организацијата.
39-годишниот Дијаз ја забележа втората победа откако ја заврши професионалната боксерска кариера со скор од 12 победи и 1 пораз.
History was made last night as Uly Diaz knocked out his opponent in just three seconds
If you haven't heard of the Bare Knuckle Fighting Championship, you have now… 💥
📹 @bareknucklefc pic.twitter.com/xMf4ZaCq3a
— BettingOdds (@BettingOddsUK) November 14, 2020