Крајот на годината ќе биде многу возбудлив за љубителите на боксот.
Кулминацијата на годината ќе се случи на 19 ноември во Лас Вегас на средбата на двајацата непоразени и најдобри боксери на денешницата.
Сергеј Ковалев (30-0-1, 26 КО) ги брани светските титули во полутешка категорија во ВБА, ВБО и ИБФ против олимпискиот шампион и поранешен неприкосновен шампион во супер средна категорија Андреа Ворд (30-0, 15 КО).
Победникот од оваа борба со право ќе се смета за најдобар боксер во светот.