На 4 мај УФЦ ќе го посети Рио де Жанеиро, Бразил. Таму ќе се одржи настанот УФЦ 301 кој ќе биде предводен со шампионска борба.
Алесандре Пантоја ќе ја брани титулата во мува категорија против Стив Ерцег. Пантоја ќе бара 6-та последователна победа и втора одбрана на титулата. Ерцег ќе го брани статусот непоразен во УФЦ и ќе бара 12-та последователна победа.
Во коглавната борба ќе бидеме сведоци на враќањето на легендата Жозе Алдо. „Јуниор“ ќе се соочи со Џонатан Мартинез. Во оваа борба Мартинез ќе бара 7-ма победа по ред. Алдо пак ќе ја бара првата победа во УФЦ од 2021 година.
Главна карта
Александре Пантоја (в) – Стив Ерцег
Џонатан Мартинез – Жозе Алдо
Ентони Смит – Витор Петрино
Пол Крег – Каијо Бораљо
Прелиминарни
Џоандерсон Брито – Џек Шор
Каролина Ковалкиевич – Јасмин Лусиндо
Џуџиња Бренер – Миктибек Оролбаи
Жан Силва – Вилијам Гомис
Жоаким Силва – Дракар Клосе
Маурицио Рафи – Џејми Маларки
Дионе Барбоса – Ернеста Карецкаите
Исмаел Бонфим – Винс Пишел
Алесандро Коста – Кевин Борјас