Нагану му порача на Стипе: Ќе заспиеш, јас ќе бидам шампион (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ (20-3) ја брани светската титула во тешка категорија против предизвикувачот Френсис Нгану (15-3) на УФЦ 260. Американско-хрватскиот ММА борец по петти пат во кариерата ќе се обиде да ја одбрани титулата во УФЦ на реваншот против силниот Камерунец.

Во нивниот прв судир во јануари 2018 година Стипе го победи Нагану со едногласна одлука на судиите. Најсилната ММА организација објави одлично видео за најава на пресметка во тешка категорија „Доволно е еден истрел“.

„Нагану има неверојатен потенцијал, има страшни физички предиспозиции. И Стипе сфати дека може да го победи. Стипе прими неколку разорни удари во првата борба, но реши дека појасот е негов и дека не оди никаде“, вели коментаторот eо Роган.

Даниел Кормиер и другите борци се согласуваат дека Стипе е најголемиот во тешка категорија на сите времиња.

„Тој е најдобриот во тешка категорија во историјата на УФЦ, никој никогаш не го сторил она што го направи Стипе Миочиќ“, рече Кормиера.

Во одлична најава, Американецот јасно стави до знаење која е неговата цел.

„Јас сум шампион и планирам да останам и по таа борба“, истакна Миочиќ, а Нгану одговори:

„Стипе ќе заспие, јас ќе бидам шампион“.

https://www.youtube.com/watch?v=DNctDNwGcvo&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО