На 19-то Светско првенство во таеквондо ИТФ во Пловдив-Бугарија, ќе има рекорден број на учесници, на 800 од 83 држави.
Официјалното отворање на првенството е утре, а финалето екипно – спаринг, ќе се одржи во Античкиот театар во Стариот град.
Утре во Пловдив ќе се одржи и Конгресот на светската федерација Таеквон-до ИТФ, а веќе се пристигнати делегати од речиси 80 држави. Претседателот на централата проф. Чанг Унг и генералниот секретар Ким Сунг Хван ќе го отворат форумот.
Сепак, на ова СП не се завруваат олимписки норми, бидејќи таеквондо ИТФ се уште не е во олимпиското семејство, туку таа чест ја има такевондо ВТФ.