Битола во сабота (18 мај) беше домаќин на големиот традиционален семинар за реално аикидо „Битола опен“ во Будо центарот „Пелистер“.
На „Битола опен- реал аикидо“ имаше преку 100 учесници од Србија, Република Српска од БиХ, Грција и Бугарија. Раководители на семинарот беа Ана Врачаревиќ -9 дан, Ѓуро Илиќ – 8 дан, Зоран Стојановиќ – 6 дан, Дејан Чавкоски – 5 дан, В. Мишов – 3 дан и Николчо Гоцев – 3 дан.
Илиќ по сеинарот најави дека наскоро ќе се одржат државните првенства во дисциплините аикиди демо во сите категории во Кочани, во Скопје и во Битола.