На вчерашен ден 1960 година: Вечерта кога со борбата против шефот на полицијата дебитираше Мухамед Али (ВИДЕО)

Танеј Хансакер – Мухамед Али

Гледачите кои во 1960 година се собраа во Луисвил, поточно во „Арената слободата“, не можеа да се претпостават дека таа вечер ќе бидат сведоци на нешто што со текот на времето ќе биде запишано во книгите како еден од најзначајните моменти во историјата на боксот.

Тогаш 18-годишно и непознато момче родено под името Касиус Маркелус Клеј Јуниор влезе во рингот пред својата публика и во мечот договорен во шест рунди го совлада многу поискусниот американски боксер и полициски началник на полициската станица Фајетвил во Западна Вирџинија.

Борец кој со годините што доаѓаат ќе стане познат по името Мухамед Али, во неговиот роден град стигна до победа со едногласна одлука на судиите, а на сите собрани и покажа „скица“ на она код што ќе настане еден од најпрепознатливите боксерски стилови.

Танеј Хансакер, човекот кој тогаш го дочека во рингот, по борбата брзината на Али ја спореди со брзината на светлината.

https://youtu.be/i6TwqvxjmIo

https://youtu.be/NfP8xMqf1hY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON