Репрезентативците на Македонија на Меѓунардониот карате турнир за сениори „Трофеј Македонија“ во Скопје освоија 13 медали.
Со злато се закити Пуликсенија Јованоска во кати, во борби Ненад Келебиќ (-75 кг) – сребрен, Моника Стефановска (-68 кг), Јована Георгиева (-55 кг), Емил Павлов (-60 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг) освоија бронзи. Келебиќ за прв пат настапи во новата категорија до 75 килограми и стигна до финалето каде што беше поразен од турски натпреварувач 0-3, а претходно извојува три победи против картистите од Албанија 5-0 и Косово 4-1, 1-0, како и од Македонија 4-0.
Претходно обајвивмe дека репрезентативците од Макпетрол освоија 7 медли, златниот медал го освои најдобрата каратистка во Македонија, Ангела Мојсовска (-68 кг), додека со сребрени се закитија Сара Радичевска (-50 кг), Абдурахим Идризи (-60 кг) и Глигор Петков (-84 кг), а бронзи освоија Петар Заборски (-75 кг), Петар Спасеновски (-84 кг) и Роберто Ацковски (-67 кг).
Ipon.mk