БоксПрофесионален

На Тајсон Фјури му е понудена борба за светска титула, но прво мора да го победи Махмудов

Фјури би можел веднаш да добие борба за светската титула ако го победи Русинот, а оваа информација ја потврди и актуелниот шампион на ВБО Фабио Вордли.

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ би можел да добие шанса да се бори за светската титула во следната борба по Арсланбек Махмудов.

„Џипси Кинг“ се враќа во акција по 15-месечна пауза на 11 април против рускиот борец. Фјури се пензионираше во јануари минатата година, само десет дена по неговиот втор пораз од Александар Усик.

Махмудов во последната борба минатата година го победи Дејв Ален, а неговите единствени два порази беа со прекин против Агит Кабајел и Гвидо Вијанело.

Фјури би можел веднаш да добие борба за светската титула ако го победи Русинот, а оваа информација ја потврди и актуелниот шампион на ВБО Фабио Вордли.

„Пред да ја потпишам борбата против Даниел, а тој сè уште немаше никаков договор со Махмудов, му реков дека може веднаш да добие борба против мене. Тоа нема да биде проблем“, рече Фабио Вордли и додаде:

„Но, ако сака малку да се загрее, да го почувствува рингот или што и да е, бла, бла, бла, тогаш во ред. Нема проблем. Сè уште ќе бидам подготвен и ќе го чекам големиот откако ќе завршам со Даниел“.

Фабио Вордли првата одбрана на ВБО појасот во тешка категорија ќе ја има на 9 мај во Манчестер против Даниел Дубоа.

Фото: Screenshot (YouTube, Frank Warren’s Queensberry Promotions)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON