На премиерата на Премиер лигата-нашите и светската елита!

premier-league-paris

Утре и во недела е првиот турнир од серијата Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, кој е еден од најсилните, на рамниште на светско првенство. Тој е голема проверка за каратистите, како вовед за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори да 21 година во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари, и сениорскиот Шампионат во Истанбул, Турција, од 19 до 22 март, каде што ќе се визираат местата за Европските игри во Баку, Азербејџан, од 13 до 14 јуни.

Амбициите на нашите каратисти се големи, затоа што минатат година Берат Јакупи и Жарко Арсовски беа победници во Лигата во категориите до 84 и над 84 килограми. Тука е европскиот шампион Емил Павлов, но женскиот ката тим на Ронин. Сите натпреварувачи се репрезентативци или претенденти да влезат во националниот тим. Нивен предизвик се Европското првенство и Европските игри.

На „Опен Париз“ ќе биде светсиата елита, како: Агаев, Лофти, Еркан, Озелчик, Агиер, Буса,Сомеја, Арканија и други.

Денес за Париз на првиот турнир од Премиер лигата отпатуваа: Емил Павлов (Штип) и Шабан Муртиши (Дрини) во категоријата до 60 кг; Дејан Црничиќ (Кеикс), Тодор Ристески (Спорт 94), Ненад Челебиќ (Цветан Димов) и Ико Ташов (Металург) до 67 г; до 75 кг Иво Цветковски (Металург) и Енес Смаилагиќ (Цветан Димов); Симон Антиќ (Макпетрол), Берат Јакупи (Фати), Емир Ќосовиќ и Виктор Крстевски (Металург) и Сашко Патраклиев (Македонка) до 84 г и над 84 кг Жарко Арсовски, Сашко Арсовски (Штип) и Мартин Несторовски (Металург); Наташа Стефановска (-61 кг) и Моника Стефановска (-68 кг) од Макпетрол. Симона Заборска (Макпетрол) нема да настапи, бидејќи се подготвува за ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, во февруари.

Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски од КК Ронин ќе се натпреваруваат и во поединечна конкуренција во кати, и како тим.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON