Поранешниот предизвикувач за светската титула се соочува со најмалку 15 години затвор

Поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион Џон Џексон (21-4, 16 КО) се соочува со затворска казна од најмалку 15 години.

Властите на Девствените Острови го уапсија 30-годишниот боксер заради сексуални престапи против малолетничка.

Обвинението го товари по 10 точки.

Две точки од обвинението наведуваат продукција на детска порнографија, три точки се за превоз на малолетничка со намера за сексуална искористување и силување.

Наводно, Џексон имал сексуални односи со 15-годишно девојче и сето тоа го снимил.

По американскиот федерален закон му се заканува минимална казна од 15 години затвор и максимална парична казна од 250.000 долари.

Џон Џексон е син на членот на боксерската Куќа на славните Џулијан Џексонс. Во 2016 година се бореше со Џермел Чарло за слободната титула на ВБЦ во полусредна категорија.

Поразен е со прекинат во 8-та рунда, а до тој момент ја имаше предноста на судските картички 69-64.

https://youtu.be/tE_V5UmyvhU
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО