ММА е брутален спорт и секој што го следи е свесен за тоа. Борците го ризикуваат своето здравје секој пат кога ќе влезат во октагонот, а минатиот викенд видовме една од најбруталните повреди во ММА борба. Шампионот на CFFC, во перо категорија Пат Сабатини ја заложи титулата против Џејмс Гонзалез во главната битка на CFFC 81, што се одржа во Мисисипи.
Битката меѓу нив траеше само 46 секунди и беше запрена откако Гонзалез му ја покажа раката на шампионот која му ја скрши. Со таа победа Гонзалес го освои златото и влезе во серија од две последователни победи, а Сабатини ја загуби серијата од три последователни победи и ќе биде долго време отсутен од октагонот.
Видео од инцидентот: