Останува да видиме дали и кога Мек Грегор ќе се врати во УФЦ. Протоколот за тестирање на УСАДА трае половина година и тој требаше одамна да биде во него доколку сакаше да се бори до крајот на оваа година, но тоа се уште не го направил.
Поминаа повеќе од две години од последното појавување на популарниот Конор Мек Грегор и тешката повреда што ја заработи на последната борба против Дастин Пориер, а мистеријата за неговото враќање се уште не е разрешена. Ирецот се уште не влезе во програмата за тестирање на УСАДА, иако тврди дека ќе се врати во декември со борба против Чендлер.
Ќе видиме дали ќе успее за неколку месеци, но изгледа како Мек Грегор да е на тренинзи. Не знаеме дали ова е вистински камп, но сигурно е дека се врати на некаков тренинг. Конор синоќа беше почестен со црн појас во бразилско џиу-џицу од неговиот тренер Џон Каванаг.
View this post on Instagram
„Го добив мојот црн појас синоќа од мојот тренер, пријател и ментор, Џон Каванаг. 20 години напорна работа! Ти благодарам Џон за сите овие години, како и на сите мои соборци низ ова неверојатно џиу-џицу патување! Ви благодарам на сите од се срце! Црн појас во бразилска џиу-џица, леле! Слава на Бога и Хелиос! Утре ќе бидам во кимоно, Хелио, ветувам и едвај чекам!“, напиша Мек Грегор на својот Инстаграм профил.
Иако е познат како „стенд ап“ борец, се чини дека Каванаг ги увидел квалитетите во борбата на партер на Мек Грегор и решил да му ја додели оваа чест. Црниот појас во БЏЏ не е мала работа, а тоа се гледа и од ентузијазмот на Мек Грегор.
Останува да видиме дали и кога Мек Грегор ќе се врати во УФЦ. Протоколот за тестирање на УСАДА трае половина година и тој требаше одамна да биде во него ако сакаше да се бори до крајот на оваа година, но тоа се уште не го направил.